Иран го назначи Мохамад Таги Моајед за амбасадор во Мароко и со тоа ги обнови допломатските врски меѓу двете земји по нивниот прекин во 2009 година, соопшти извор од иранското Министерство за надворешни работи, цитиран од француските медиуми.
Назначувањето на Моајед е потврдено и од иранскиот претседател Хасан Рохани.
Моајед пред оваа дипломатска функција бил амбасадор во Тунис и заземал други дипломатски должности во Холандија и Грција.
Иран и Мароко на почетокот на годината соопштија дека е потребно да ги обноват дипломатските односи, што беа прекинати во март 2009 година од страна на официјален Рабат заради иранските обвинувања дека го поддржува режимот во Бахреин – заливската монархија со доминантно шиитско население, но која е управувана од сунитска династија.