Белгискиот премиер Шарл Мишел имал близок контакт со демонстранти, кои го изразиле своето незадоволство поради строгите економски мерки во земјата, при што бил гаѓан со помфрит и мајонез.
На фотографии од бизнис форум во градот Намјур може да се забележи како една жена истура чинија со пржени компири и мајонез врз 39-годишниот премиер.
Портпарол на премиерот изјави дека тој нема да поднесе тужба против напаѓачот, но одби да коментира како бил дозволен ваков пропуст на неговото обезбедување.