Припадници на Исламска држава се полошо стојат на фронтови во Ирак, а имаат големи проблеми и во Сирија. Тие порази влијаеле на моралот меѓу џихадистите кои масовно почнуваат да планираат да ги напуштат редовите на таа група, објави Фајненшал тајмс.
Потврдено е дека во Рака, град во Сирија што се смета за официјално седиште на ИД, убиени се 100 луѓе. Иако делуваше дека се е идеално додека исламистите беа во фокусот, сега кога состојбата на теренот почна да се менува пред се поради формирањето на меѓународната коалиција која почна со воздушни напади врз ИД, така и интересот на странците за борба почна да се намалува.
Исламска држава минатата недела претрпе тежок пораз кога курдските сили успеаја да ја разбијат нивната блокада на планината Синџар и така успеаја да дојдат до илјадници Јазиди кои со месеци беа опколени.
Подоцна, кога курдските сили добија потребна воена помош и опрема како и советници од САД и Велика Британија, припадниците на ИД се протерани од пред градот Ирбил, а потоа и заземена и браната кај Мосул.
Ирачките сили подоцна успеаја потпомогнати од ирански сили да ги исфрлат исламистите од десетина градови и села во близина на Багдад.
Моментно траат борбите за јазидскиот град Синџар, а според курдски извори, се очекува од него да бидат протерани исламистите. Во Сирија ИД никако не успеа да го освои Кобане, а нема ниту поголем успех околу градот Алепо.