Авиони на меѓународната коалиција предводена од САД, во текот на денешниот ден извршиле 22 напади врз позиции на припаднците на џихадистичката група Исламска држава на териториите на Сирија и Ирак.
Како што соопштија американските Вооружени сили, биле узвршени 12 воздушни напади врз позиции на ИД во Сирија и десет во Ирак.
Цел на нападите во Сирија биле позиции на ИД во северните делови на земјата – околу градот Кобане во близина на сириско-турската граница и во реоните на Алепо, Хасака и Рака.
Во Ирак пак биле извршени напди врз цели во близина на градовите Синџар, Асад, Тал Афар, Рамади, Мосул и Фалуџа.
Во соопштенето на американската Армија се посочува дека при нашадите биле уништени неколку објекти и возила на ИД, како и „група џихадисти“.