Рекламните билборди на кои германската манекенка Хајди Клум позира во „разголени изданија“, се отстранети од улиците на Лас Вегас со одлука на локалните власти, кои оцениле дека фотографиите се вулгарни дури и за „градот на пороците“.
Како што објави „Дејли Мејл“, на фотографите Хајди е сликана гола, но на сите снимки таа со рацете или нозете ги прекрива интимните делови. Провокативните фотографии се „збогатени“ со текстовите „што сака Хајди Клум во кревет?“ и „што ја возбудува Хајди Клум?“.
Ваквата одлука ги збуни вработените во маркетиншката компанија „Шарпер Имејџ“, која стои зад рекламната кампања.
– Рекламта е примерена, а нејзиниот сексипил е сосема умерен, така што не ни е јасна ваквата одлука, изјави директорот на „Шарпер Имејџ“, Дарио Мардера, доддавјќи дека е помалку иронично да се даде ваква забрана во град каков што е Лас Вегас.
Но, за разлика од властите на Лас Вегас, нивните колеги во Њујорк и Лос Анџелес, немаат таков став кон овие фотографии, па на улиците на овие два града ќе стојат билбордите со разголените снимки на 41-годишната Клум.