(ВИДЕО) Демонстрантите до Владата: Или ќе паднете мирно или ќе ве кутнеме

Од:

Во име на новинарите на демонстрантите пред владата им се обрати Тамара Чаусидис. Таа рече дека новинарите се загрозени со овие законски измени, бидејќи поголемиот дел од новинарите се хонорарци кои што газдите и власта ги држи на кусо синџирче.

„Ним не им требаат новинари, им треба реално шоу, како што гледавме вчера. Доста е молк. Ова е само почеток. Од јануари ќе бидеме побројни, нема да не осиромашуваат за овие глупави фасадаи“, рече Чаусидис.

Активистите порачаа не ви плаќаме, убаво е да се полни буџетот но, вие крадете. Почнете од вашите плати.

Лебот ни го земаат за фасадата, рече професорот Здравко Савевски од Ленка.

„Додека не престанат да крадат, нема да им плаќаме, вие ќе платите. Ако е ова демократија, треба да го слушате гласот на народот“, рече Савевски.

„Уа апаши“, извикуваа демонстрантите пред Владата.

„Зад овие кулиси се крие крадецот на народот. Сега во Владата влезе и оној, кој го пика рачето во нашите џебови. Да го поздравиме министерот за финансии. Знаете ли како завршил Калигула? Затоа им порачуваме или ќе паднете мирно или ќе ве кутнеме“, рече Петрит Сарачини.

Дејан Лутовски од Солидарност на Владата и порача дека ова нема да помине. Борбата продолжува.

„Оваа мерка не е социјална, како што вели Владата. Таа ќе ги погоди најзагрозените. Упатувам симболичен поздрав до бирократската централа на Сојузот на синдикатите на Македонија. Тие прават дилови со Владата наместо да бидат овде со своето членство и со загрозените. ССМ е мафија“, порача Лутовски.

Би можело да ве интересира

Локалните жители ја блокираа депонијата Краста: Шест месеци сме го голгота

Илјадници Шпанци на улиците поради станбената криза: „Вака повеќе не може“

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Берлин се крена против АфД: Илјадници протестираа по изборниот триумф на десницата

Горан Наумовски

Северина застана зад граѓаните кои протестираат во Загреб

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Протест во Загреб: Отпадот во Госпиќ не е изолиран случај

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Започна „Маршот за Лика“ – „Предавството нема да го простиме“

Горан Наумовски