Пакистан планира во следните неколку недели да егзекутира 500 лица осудени за тероризам, соопштија денеска властите, откако владат го укина мораториумот на смртна казна во случаи на тероризам по талибанскиот напад во Пешавар.
Шест екстремисти се обесени од петокот додека во земјата расте гневот поради масакрот извршен од талибанци во градот Пешавар, во кој се убиени 149 лица, вклучително 133 деца, пренесува Танјуг.
По најсмртоносниот терористички напад во историјата на Пакистан, премиерот Наваз Шариф го укина шестгодишниот мораториум на смртна казна. Смртната казна е вратена за случаи поврзани со тероризам.
– Министерството за внатрешни работи заврши случаи на 500 осуденици, што ги завршиле сите жалби, претседателот ги одбил нивните петиции за помилување и тие ќе бидат егзекутирани во следните неколку недели, изјави анонимен претставник на властите.
Полицијата, армијата и паравоени формации се распоредени низ земјата и на аеродромите, а во затворите е воведено црвено ниво на опасност поради егзекуциите и интензивирањето на воените операции против талибанските екстремисти во северозападните племенски области.