ФОТО+ВИДЕО: Вработените во ФЗЦ „11-ти Октомври“ започнаа генерален штрајк

Од:

Околу 500 вработени во фабриката за заварени цевки и профили ФЗЦ „11-ти Октомври“ од Куманово, денеска започнаа генерален штрајк. Причината за штрајкот се неисплатени плати и придонеси за изминатите седум месеци, а дел од работниците се и на принуден одмор.

Претседателот на синдикалната организација во фабриката, Методија Сизовски изјави дека претходно имале повеќе прекини на работа, но благодарение на совеста на не стапиле во штрајк.

-За овој период сите заштеди кои што ги имавме и залихи ги потрошивме, останувајќи без основна егзистенција. Голем дел од вработените се задолжени со кредити и други давачки -наведе тој.

Сизовски додаде дека синдикатот е подготвен веднаш да го прекине штајкот доколку се постигне договор со работодавачите, односно доколку им исплатат две плати до Нова година.

11oktProtest2

Дел од работниците наведоа дека работодавачите ова го прават со цел да се приватизира фабриката.

-Фабриката не работи затоа што треба да се приватизира по ниска цена, ако таа работеше дали ќе се продадеше по таква цена. Ние се сомневаме дека некој сака да ја купи фабриката за ниска цена- изјави Слободан Ивановски.

11oktProtest3

Работниците истакнаа дека нема да се вратат на работа и дека ќе продолжат со штајкот се додека не се исполнат нивните барања.

11oktProtest1

Новинарските екипи побараа да се сретнат со надлежните во фабриката, за да се слушне и нивниот став, но тие го одбија барањето со образложение дека се на состанок.

11oktProtest13

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Девојче било истепано на свадбена веселба во Куманово

Изгоре куќа во Куманово, нема повредени

Сообраќајка во Куманово, тешко е повреден пешак

Потребни ригорозни санкции за оние кои ги напуштаат милениците и исфрлаат легла апелираат ветеринарите

Куманово: Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи

Градежна инспекторка од Куманово побарала поткуп од 4.000 евра