Вечерва, околу 18 часот, во Скопје почина актерот Васил Шишков. Тој е роден 1970. година. Шишков, на македонската театарска сцена работи од 1991. година, а има настапувано и во повеќе македонски филмови.
Неофицијално се дознава дека тој починал ненадејно, од срцев удар.
Оваа вест ја потврдија негови колеги актери. Тие на социјалните мрежи со тага и неверување се простуваат од својот колега и пријател.
Шишков ќе остане запаметен по улогите во култните телевизиски серии „Бумбари“, „Македонски народни приказни“ и други.
Васил Шишков е син на легендата на македонското глумиште, Ристо Шишков.