Младите социјалдемократи од Кисела Вода денеска делеа топол напиток – чај, на своите сограѓани, на прометни места во општината. На овој начин им посакаа пријатни новогодишни празници и моменти поминати со најблиските.
Социјалдемократската младина продолжува со општо – корисни активности. Па, така младите од ЛК СДММ Центар денеска го чистеа паркот во близина на Олимпискиот базен и други зелени површини во населбата Пролет.
Намерата е да покажеме грижа за животната средина, да се подигне јавната свест за чување на зелените површини и истите да не ги загадуваме.
Хуманоста и солидарноста се едни од основните вредности на социјалдемократијата. Во пресрет на предновогодишните празници, желбата да се усреќат колку што е можно повеќе граѓани е голема.
Младите од ЛК СДММ Македонска Каменица, во соработка со Форумот на жени, се приклучија во хуманитарната активност “Дарувај од срце”.
Се грижиме и даруваме, за достоинствен живот на сите! Работиме заедно за подобро општество!