Белгиски земјоделци со трактори го блокирале седиштето на ЕУ

Од:

Белгиски фармери утрово го блокирале со земјоделски машини плоштадот Шуман во Брисел, каде се наоѓа седиштето на повеќето европски институции.

На протестот на земјоделците против строгите мерки за штедење, кој бил планиран за вториот ден од самитот на шефовите на држави и влади членки на ЕУ, им се приклучиле и антиглобалистите кои се против склучување Трансатлантски трговски договор меѓу ЕУ и САД.

Самитот неочекувано завршил еден ден претходно од планираното, а обидот на демонстрантите да ги спречат европските лидери да влезат во зградата на Европскиот совет бил неуспешен, бидејќи синоќа заминале.

На плоштадот Шуман се распоредени кордони на белгиската полиција, но протестот засега минува мирно.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски