Белгија затвора амбасади и конзулати поради буџетски ограничувања

Од:

Белгискиот министер за надворешни работи Дидие Рејндерс изјави дека ќе се затворат некои амбасади и конзулати, пред се во Европа, поради ограничувањата во федералниот буџет.

Белгија ќе ги затвори амбасадите во Талин (Естонија), во Рига (Летонија), во Вилнус (Литванија), Братислава (Словачка), Љубљана (Словенија) и во Никозија (Кипар). Исто така ќе бидат затворени и конзулатите во Келн (Германија), Лил и Стразбур (Франција) и Женева (Швајцарија).

Белгија ги затвора амбасадите и во Триполи (Либија) и во Бразавил (Конго), како и конзулатите во Казабланка (Мароко) и Јоханесбург (Јужна Африка). Предвидено е затворање и на Конзулатот во Торонто (КАнада) о претставништвата во Кито (Еквадор) и во Ла Пас (Боливија). Се укиннува и Амбасадата во Кабул (Авганистан).

Рејндерс навед дека ќе биде преразгледан списокот со дипломатските имоти зад границата, сопственост на Белгија.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски