Ракометарите на унгарскиот шампион Веспрем синоќа ја остварија и 12-та победа во истотолку одиграни натпревари во СЕХА лигата. Со максимален учинок тие се наоѓаат на првата позиција.
Веспрем ја совлада Војводина со 31:26, додека на вториот дуел одигран вчера Татран Прешов го победи Мешков Брест со 26:22.
Ова беа последните два натпревара во календарската 2014 година. Лигата треба да продолжи на 1 февруари 2015 година со дуелот меѓу Металург и Нексе.
До продолжението табелата го има следниот изглед: Веспрем 36 бодови (12 натпревари), Вардар 30 (12), ППД Загреб 24 (13), Татран Прешов 24 (12), Мешков Брест 24 (11), Металург 11 (10), Нексе 10 (12), Раднички 7 (13), Војводина 6 (13), Борац 4 (12).