Американската телевизија „CNN“ во тек на известување за Белградскиот самит на Кина и државите во Централна и Југоисточна Европа ја соедини Црна Гора со Србија.
На интернет се појави снимка од информативна емисија на која новинарка од овој меѓународен информативен канал зборува за собирот во Србија, додека зад неа е мапа на Црна Гора.
Она што е чудно и што покрена дискусија на социјалните мрежи е тоа што на таа карта Црна Гора е во составот на Србија.
Карта на Балканскиот полуостров со СР Југославија обоена во силна црвена боја, се појави зад неа додека зборуваше за новата врска помеѓу Кина и Европа.
Е. Г.