Пакистанските сили во воздушно-копнена операција на северозапад во државата во близина на границата со Авганситан, убија 59 милитанти, соопшти денеска пакистанската војска, два дена откако талибанци упаднаа во школо и убија 132 деца и 16 возрасни.
Во соопштение од пакистанската армија се вели дека нападите врз милитантите се извршени вчера и денеска.
Во копнената акција синоќа се убиени девет талибанци, додека во бомбардирањето од воздух смртно страдале 17 исламисти меѓу кои и еден узбекистански командант. Безбедносните сили денеска во заседа во долината Тирах убиле 32 милитанти кои се движеле кон границата со Авганистан. Во акциите ранети се тројца војници, соопшти армијата.