ВИДЕО: Уапсен Зоран Јанковиќ со синовите

Од:

Градоначалникот на Љубљана Зоран Јанковиќ е уапсен во една од најголемите истраги за корупција, соопшти Словенечката полиција. Уапсени се и неговите синови Дамијан и Јуре.

Во склоп на истрагата за корупција и стопански криминал, полицијата ја пребара куќата на градоначалникот Јанковиќ и неговиот син Јуре, и уште 21 локација во градот. Полицијата ги запечатила и влезовите во Градската канцеларија, така што вработените не можат да одат на работните места.

Неофицијално истрагата се води околу аферите со продажба на земјиште и изградбата на спортскиот центар „Стожице“.

Во август оваа година Даночната Управа изразила сомнеж дека градоначалникот Јанковиќ направил три кривични дела, злоупотреба на службената функција, фалсификување на деловни документи и оштетување на доверители.

Според податоците што ги има Даночната Управа, Јанковиќ ја злоупотребил позицијата градоначалник предизвикувајќи голема финансиска штета, истовремено стекнувајќи голема имотна корист за фирмите што се во негова или сопственост на неговите блиски роднини.

Обвинителството уште во јануари годинава добило повеќе пријави заради сомнеж дека Јанковиќ направил кривични дела, а со анализа на трансакциските сметки утврдено е дека во 2010 година фирмата „Греп“, која е во сопственост на самата општина, од општинската каса примила повеќе од  11 милиони евра, а во 2011 уште дополнителни 4 милиони евра, како финансиска инекција за проектот за градба на спортскиот стадион „Стожице“.

Во првата предизборна кампања за градоначалник на Љубљана, Јанкови ќ ја ветил изградбата на стадионот „Стожице“ но рекол дека сите трошоци ќе бидат покриени од инвеститори, а граѓаните изградбата нема да ги чини ниту едно евро.

Би можело да ве интересира

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски