На Детска хирургија направена стотата кардиохируршка операција

Од:

На Детска хирургија вчера е направена стотата кардиохируршка операција кај деца. Херојот е седуммесечно машко бебе од Скопје, со дијагноза тетралогија, пренесе „Здравство24“.

Интервенцијата ја изведе петнаесетчлениот американски тим од хирурзи, интернисти, кардиолози, перфузионисти и медицински сестри. Со нив во салата присуствуваше и македонски тим од Детска хирургија и од Клиниката за детски болести.

Американскиот тим кој ја направи стотата операција ќе биде во земјава до недела, до кога на списокот имаат уште две деца за операција. Следната кардиохируршка мисија е во февруари. Тогаш, најверојатно, ќе има и деца за операција од Албанија, а во тек се и преговори со Косово. Со тоа, според лекарите, се отвораат вратите за Македонија да стане регионален центар за кардиохирургија кај деца.

Би можело да ве интересира

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!