ЛДП: Битола ќе зема и кредит-каде се потроши буџетот од 25 милиони евра?

Од:

„Власта предводена од ВМРО – ДПМНЕ и градоначалникот Талески, планираат да земат кредит и ќе ја задолжат Битола и битолчани.

Битола со годишен буџет од скоро 25 милиони евра ќе се задолжува. Значи ВМРО – ДПМНЕ нема да зема само од нас туку ќе почне да зема и од нашите деца и внуци.  Тоа е доказ дека ВМРО – ДПМНЕ во изминативе 10 години колку што е на власт не работи домаќински.

ЛДП прашува како може градоначалникот Талески, но и сите од ВМРО – ДПМНЕ кои што се од Битола и имаат одредени позиции во Скопје, било пратеници, министри, директори и.т.н да дозволат владата на РМ од буџетот ,кој се полни и со пари на битолчани,да дава само за Скопје, а Битола да зема кредит. Почитувани господа од ВМРО – ДПМНЕ со вашиот однос му дозволивте на скопјани, слепото црево наречено Битола да го исфрлат од организмот наречен Македонија. Значи благодарение на вас Битола повеќе не е ниту слепо црево.

Битолчани знаат дека власта ја задолжува Битола за да го покрие своето недомаќинско работење. ЛДП ги повикува ВМРО – ДПМНЕ и Талески да побараат пари од владата на РМ  и така да го покријат   своето недомаќинско работење, а не со кредит, затоа што Македонија не е само Скопје. На овој начин ќе ги спасиме идните генерации да не ги враќаат долговите со камати кои оваа власт ќе им ги остави во наследство“, се вели во соопшетнието на ЛДП.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Осуда за сквернавењето на државното знаме и одговорност за сторителите

Катерина Ѓуровски

Инцидент во детска градинка во Битола

ЛДП со посебна благодарост за основачите во Битола

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Зајкова: ЛДП е фокусирана на своите политики, а не дали ќе настапува во одредено мнозинство

Зајкова: Со новиот предлог закон за платежни услуги се укинуваат неоснованите банкарски трошоци

Горан Наумовски