Пакистанскиот премиер Наваз Шариф го укина денеска мораториумот на смртна казна во случаи што се однесуваат на тероризам, само еден ден откако државата доживеа најтежок терористички напад во својата историја.
Портпарол на Владата рече дека Шариф одобрил одлука на Министерскиот комитет за укинување на мораториумот.
– Одлучено е да се укине мораториумот. Премиерот одобри да се укине мораториумот за случаи поврзани со тероризам, изјави Мохудин Вани.
Талибанци вчера упаднаа во државно воено училиште во Пешавар и усмртија 141 лице од кои 132 беа деца и девет возрасни.