Пакистан: Девојче преживеа масакр правејќи се дека е мртво

Од:

Едно тринаесетгодишно девојче успеало да остане живо во тек на напад на Талибанците на пакистанско училиште, благодарение на тоа што се преправило дека е мртво.

Кога вооружените Талибанци влегле во училиштето и немилосрдно започнале да пукаат во учениците, ходниците одекнувале од вресоци.

Меѓутоа девојчето знаело дека ќе преживее единствено доколку остане сосема мирно, наспроти ужасот кој во тие моменти владеел околу неа.

Британката Ширин Калид Вадуд, која што е пријателка на мајката на ова храбро девојче за „ББС“ раскажа како се одвивала нејзината борба за слобода.

-Се преправала дека е мртва. Дури кога напаѓачите ја напуштиле училницата, успеала да побегне. Само таа успела да се спаси од целото одделение – рекла Вадуд.

Девојчето се здобило со повреда на ногата, која за среќа не е сериозна и моментално се наоѓа во болница, каде што се опоравува.

-Исплашена е но се ќе биде добро- изјавила Ширин Калид Вадуд.

Инаку во нападот кој траел скоро седум часа, се убиени 130 лица, а официјалните лица стравуваат дека бројот на настрадани би можел да биде уште поголем

Е. Г.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица