Иванов ќе се обрати на Генералното собрание на ОН

Од:

Претседателот Ѓорге Иванов денеска ќе се обрати на 67 Генерално собрание на Обединетите нации и треба да се сретне со посредникот на ОН во македонско-грчките разговори за името Метју Нимиц.

Вчера Иванов имаше средба со генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, на која главна тема била прашањето за името.

Иванов побарал спорот да се води исклучително во рамки предвидени од резолуциите на ОН, Времената спогодба и со почитување на пресудата на Меѓународниот суд на правдата.

Во рамките на заседанието за денеска се најавени обраќањата на грчкиот премиер Самарас, како и на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и на палестинскиот претседател Махмуд Абас.

Би можело да ве интересира

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

A1on

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

A1on

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова – 61,98% , Стево Пендаровски – 30,48%

A1on