Пакистанските талибанци нападнаа училиште во Пешавар и зедоа околу 500 заложници

Од:

Пакистанските талибанци нападаа училиште во северозападниот паистански град Пешавар и зедоа околу 500 ученици и наставници како заложници.

Според новинарите, кои се на местото на настанот во зградата има пукотници, а таа е опружена со војници. Возила на брза помош евакуираат ранети деца.

Воени претставници изјавија дека најмалку шестмина вооружени напаѓачи, облечени во воени униформи, влегле во државното училиште, кое е во сопственост на армијата (Аrmy Public School), во кое има околу 500 ученици и наставници.

Пакистанските талибанци ја презедоа одговорноста за нападот. Портпаролот на талибанците Мухамед Умар Хорасани изјави дека борци камикази влегле во училиштето и оти имаат инструкции да не ги повредуваат децата, туку да го нападнат армискиот персонал.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица