Во Куманово средба на градоначалникот Дамјановски со амбасадорот Раковец

Од:

Амбасадорот на Словенија во Република Македонија Бранко Раковец, денеска ја посети општина Куманово и оствари средба со градоначалникот Зоран Дамјановски.

На средбата амбасадорот Раковец и градоначалникот Дамјановски разговарале за можност за реализација на повеќе проекти од различни области, значајни за општината.

– Конкретно дадовме видувања да аплицираме за проекти од енергетска ефикасност, екологијата, проекти од областа на социјалата и образованието. Дојдовме до сознанија дека можеме да аплицираме за подобрување на услови во едукативниот процес во некои училишта. Разговараме и за проекти од екологијата кои се дел од агендата на Словенија и можна соработка наменета за децата со посебни потреби во однос на поддршка и проширување на капцитетите на дневните центри, рече Дамјановски.

Градоначалникот на Куманово најави дека очекуваат видливи резултати од оваа соработка во наредниот период.

Амбасадорот Раковец потенцирајќи дека Куманово остварува одлична соработка со амбасадата на Словенија, се осврна на неодамнешното потпишување на Меморандумот за соработка помеѓу Куманово и Марибор.

– Денеска разговараме, пред се, за можна соработка во областа на економијата за да се овозможат контакти помеѓу словенечките и македонските претпријатија. Исто така разговараме за можна соработка во областа на развојот на сорбаотката и обезбедување техничка помош каде имаме неколку идеи. Се надевам дека идната година ќе реализираме конкретни проекти, рече амбасадорот Раковец.

Би можело да ве интересира

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе

Трите деца пронајдени на улица се прегледани во болница, случајот го следи Центарот за социјални работи – Куманово

Горан Наумовски

Три деца пронајдени без свест во Куманово, сомнежот е на труење од вдишување лепак

Горан Наумовски

Бебе од Куманово затруено со средство за чистење – заврши во болница

А1он