Организацијата на жени од Обединети за Македонија и Меѓународниот сојуз за опшествени обединувања “Лидер мировнова опшества” од Москва, Руска Федерација во Битола потпишаа согласност за соработка помеѓу двете организации.
Соработката е склучена помеѓу потпретседателот на Обединети за Македонија, Јагода Митревска и претседателот на Централниот совет и пратеник во руската дума Горчакова Лариса Федоровна.
Соработката помеѓу двете женски организации ќе дејствува во рамките на опшествено-политички конференции, посета на делегации од двете страни. Во понатамошен период соработката ќе се продлабочува во интерес на двете организации од меѓународен карактер.