(ВИДЕО) СДСМ: Нерегуларности и конфликт на интереси за вработување во театрите?

Од:

„Имаме сознанија за нерегуларности, клиентелизам, непотизам и конфликт на интереси при вработувања театарски работници во театрите низ Македонија“, рече Роберт Алаѓозовски,претседател на Комисијата за култура на СДСМ, на денешната прес-конференција.

„Бараме одговор:

-Дали некои високо образовни институции се претворени во вистинска работилница за дипломи? Според нашите информации студенти на овие факултети, од завршните години, набрзина дипломираат, испити се одржуваат во неиспитна сезона и уверенија се штанцаат надвор од законските рамки и процедури?

-Дали ова се прави за нивно експресно вработување во театрите?

-Дали по овој принцип е во постапка вработување на дваесетина актери, режисери и драматурзи во театрите во Скопје и во земјава?

-Дали е точно дека при вработувањата не се зема предвид рејтингот на образовните институции или класата на којашто студентите дипломирале, не се зема предвид успехот на кандидатите, ниту нивното портфолио, туку единствен критериум е близината до  власта?

Имаме сознанија дека при аудициите за вработување, некои факултети се фаворизираат надвор од  објективно кредитираниот рејтинг за сметка на други. Дел од професорите ангажирани на одредени катедри имаат конфликт на интереси зашто тие ќе треба да ги примаат на работа студентите што претходно ги дипломирале.

Поради сето ова, овие огласи се обжалени, но правдата не е истерана до крај, губејќи се во лавиринтите на зависното судство.

Го повикуваме државниот просветен инспекторат да го испита скандалот со штанцањето дипломи.

Го повикуваме трудовиот инспекторат да ги провери досегашните огласи и вработувањата со непотизам и по непринципиелни основи“, изјави Роберт Алаѓозовски,претседател на Комисијата за култура на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ достави документи до ДКСК: Бара постапка за тендерот во МВР

СДСМ: Владата повторно неспремна ќе ја дочека сезоната на пожари

А1он

(ВИДЕО) Костовски: Нема ни траг од фирмата што одби тендер од МВР, дали е со фиктивно седиште?

Горан Наумовски

Власта со лажен партиски ПР прави розова слика, меѓутоа луѓето знаат како се живее, вели Филипче

Горан Наумовски

Како се дефинира кавалитет, капацитет и историја кај фирма што не постотела, СДСМ го прашува Тошковски

(ВИДЕО) Кузеска: Нов скандал на Тошковски – тендер од 4 милиони евра за фирми со само 2 вработени, основани пред тендерот

А1он