ВМРО-ДПМНЕ: Законски измени за пониски цени на роаминг услуги

Од:

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска најави поддршка на предложените измени и дополнувања на Законот за електронски комуникации со кои се предвидува намалување на цените на роаминг услугите во јавните мобилни комуникациски мрежи. Законските измени се на дневен ред на 25-тата седница на Собранието на Република Македонија закажана за 15 овој месец.

Измените следат по потпишувањето на Спогодбата за намалување на цените на услугите во роаминг во јавните комуникациски мрежи помеѓу Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Република Србија. Со Спогодбата е утврдено земјите потписнички да направат соодветни измени во своите закони за електронски комуникации на начин што цените за услугите во роаминг во државите потписнички на оваа Спогодба ќе се регулираат врз реципрочна основа во согласност со Уредбата за роаминг внатре во Европската Унија.

Според Драган Данев, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, во Законот се додава нов член преку кој се дава право на Агенцијата за електронски комуникации на операторите кои поседуваат јавни мобилни комуникациски мрежи и обезбедуваат јавни мобилни комуникациски услуги да им утврди максимални цени на услугите кои ги нудат во роаминг на корисниците од земјите со кои Македонија ја потпиша Спогодбата.

– Како пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржиме овие измени и дополнување бидејќи сметаме дека на овој начин македонските граѓани полесно и поевтино ќе можат да ги користат услугите кои ги нудат јавните мобилни комуникациски мрежи преку роаминг во земјите кои што се потписнички на оваа спогодба, рече Данев.

Тој истакна дека очекуваат најголем бенефит да почувствуваат македонските граѓани кои секојдневно патуваат или пак комуницираат со граѓаните од Босна и Херцеговина, Црна Гора и Република Србија, со што се овозможува да ги користат услугите кои ги нудат јавните мобилни комуникациски мрежи во роаминг по многу пониска цена. Преку намалувањето на цените на услугите во роаминг огромни придобивки и еден вид олеснителна околност ќе имаат и македонските компании од приватниот сектор кои имаат секојдневна комуникација и соработка со голем број компании од земјите потписнички на оваа спогодба, наведе Данев.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски