Почина академик Илија Васков

Од:

Основоположникот на современата максилофацијална хирургија во Македонија академик Илија Васков денеска почина во Скопје.

Македонската академија на науките и уметностите соопшти дека заедничката комеморативна седница со Стоматолошкиот факултет од Скопје ќе се одржи утре во 11 часот во МАНУ.

Погребните останки на ќе бидат изложени во капелата на Градските гробишта во Бутел од 12:30 часот, а погребот ќе се изврши во 13:30 часот.

Академик Васков е роден во Велес во 1934 година. Дипломирал на Стоматолошкиот факултет во Белград во 1959 година, како еден од најдобрите студенти на генерацијата, а подоцна, во 1968 година дипломирал и на Медицинскиот факултет во Скопје. Специјализирал во Скопје, Љубљана, Берлин и Цирих. Во 1972 година хабилитирал на тема „Терапија на долновиличните фрактури“, а докторирал во 1981 година со дисертацијата „Компресивна остеосинтеза во терапијата на долновиличните фрактури“ во Скопје. Од 1982 година е редовен професор.

Академик Васков бил директор на Стоматолошкиот оддел при Медицинскиот факултет и на Клиниката за максилофацијална хирургија. Од 1976 до 1979 година е еден од тројцата членови на работоводниот орган на Универзитетскиот центар за медицински науки, а потоа, од 1979 до 1985 година и негов директор.

Учествувал во повеќе научно-истражувачки проекти. Публикувал повеќе од 120 трудови и повеќе учебници. За редовен член на МАНУ е избран на 10 мај 2000 година.

Би можело да ве интересира

МАНУ: Во Македонија постои само една национална академија

ВРЕДИ почна да го реализира планот за албанска Академија, ќе ја финансираат општините со нивни градоначалници

Катерина Ѓуровски

Штрајкуваат вработените во МАНУ, бараат повисоки плати

Горан Наумовски

Влен: Академијата за науки и уметности на Албанците не треба да се гледа како контраст или паралелизам на МАНУ

Муртезани: Не можам да тврдам, но има перцепција дека во МАНУ нема пристат за други етнички заедници

Претседателство на МАНУ: Академијата е отворена за сите што ги исполнуваат критериумите, да не се вовлекува во дневнополитички расправи