Британски полицаец ја пријавил Месечината како „сомнителна светлина“

Од:

Додека бил на должност, еден британски полицаец пријавил „сомнителна појава“ и некалва „сомнителна светлина“ на небото, без притоа да забележи дека станува збор за Месечината.

Полицаецот со чин на наредник од англиската област Ворчетшир, во својата пријава навел дека „сомнителната појава“ се наоѓа на височина од преку 350 метри во реонот на блискиот рид и наредил истрага.

На полицајците од неговата полициска станица им наредил веднаш да отидат од другата страна на ридот, зад кој се „затскривала чудната светлина“ и да видат што се случуватаму. Полицјците кои биле испратени на увид се вратиле по 20 минути и на својот наредник му рапортирале дека нема ништо сомнително, а дека „сомнителната светлина“ е само Месечината.

Полицискиот наредник сега е изложен на потсмев од своите колеги, но полициското списание „Полисмен“, кое го открива целиот случај, се обидува да го амортизира понижувњето на полицаецот.

Во списанието се вели дека ридот зад кој се „криела светлината“ е познат во тој крај како свртилиште на љубовни двојки, кои ноќе ги има во голем број.

Тоа го знаела полицијата, па кога полицаецот видел „чудна светлина“ од другата страна на ридот, помислил дека таму нешто се случува и затоа наредил истрага, забележува „Полисмен“.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство