ЕСА: Водата не Земјата не е донесена од комети, туку од астероиди

Од:

Водата на Земјата не е донесена од комети, туку најверојатно од астероиди што се удриле во нашата планета пред повеќе милијарди години, објавија вчера европски истражувачи.

Првото истражување на тло на комета е извршено минатиот месец кога роботската сонда на Европската вселенска агенција (ЕСА) „Филе“ успешно се спушти на кометата 67П/Чурјумов-Герасименко.

Вода Земја кајрон .jpg

Најновиот извештај објавен во магазинот „Сајанс“ е врз основа на податоци собрани од еден од инструментите од вселенскиот брод „Розета“ што од август ја анализира внатрешноста на кометата.

– Мора да заклучиме дека водата на Земјата е донесена попрво од астероиди отколку од комети, изјави Кетрин Алтвег, главниот истражувач на спектрометарот РОСИНА, што ги проучува хемиските траги на вода и гасови на кометата.

Земја

Извештајот врз основа на „атомските“ потпис на молекули на вода на кометата, покажува дека тие молекули значително се разликуваат од молекулите на Земјата. Научниците го измериле нивото на деутериум (водороден изотоп) во однос на водород, што во комбинација со кислород се содржи во водата.

Резултатите покажуваат дека нивото на деутериум е исклучително висок, што укажува на тоа дека водата на кометата најверојатно настанала на многу ниски температури, односно дека е многу веројатно да претставува оригинална материја од почетокот на формирањето на Сончевиот систем, нагласува Алтвег.

Кометите се богати со вода, што не е случај со астероидите, од кои некои воопшти и да немаат вода, изјави Франсис Рокар, научник од францускиот Национален центар за вселенски истражувања, што учествува во мисијата „Розета“.

Розета Филе

Според Рокар досега се откриени многу повеќе астероиди од комети 650.000 наспроти 4.000.

– Новите истражувања ги прават работите покомплексни од тоа што досега мислевме и ја потврдуваат хипотезата дека водат на Земјата е донесена од астероиди, истакна Рокар.

Според него количината на деутериум во однос на водородот во водата се разликува од комета на комета, што не е случај со водата на астероидите и дека засега не е познато зошто е тоа така.

Кометите се најпримитивен објект во Сончевиот систем и богати се со јаглерод. Научниците веруваат дека тие во судар со Земјата донеле елементи што овозможуваат разој на живот на нашата планета.

Би можело да ве интересира

Земјата соборува глобални рекорди за топлина десетти месец по ред

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

ОН: Озонската обвивка постепено се обновува

Ана Ололовска

Денеска почнува зимата

Ана Ололовска

ЕСА разгледува можност за пренос на енергија од вселената на Земјата

А1он

Научна студија: Никаде на Земјата дождовницата не може да се пие

Ана Ололовска