Гурманите Италијани намалија на храна – трошат како пред 33 години

Од:

Италијанците, кои се сметаат за едни од најголемите гурмани на европско тло, се во такви финансиски проблеми поради економската криза, што се принудени да ги намалат трошоците за храна и да трошат речиси исто колку што трошеле и пред 33 години, односно кон крајот на седумдесеттите години на минатиот век, предупреди на италијанскато здружени на потрошувачи Codacons.

“Фактот е дека во Италија  релативно добро економски се држат, само дисконтните супермаркети. кога ќе се земе во предвид прометот во 2011 година. Тоа говори дека Италијанците се во тешка финансиска состојба и се принудени да се откажат од купување на водечките брендови во италијанската прехрамбена индустрија, кои некогаш беа главен двигател и мотор на растот на италијанската економија, а на сметка на тоа им се дава приоритет на помалку скапи производи “, се вели во изтражувањето на Codaconsa издадено вчера.

“Падот на потрошувачката на храна започна во 2007 година, и оттогаш не запре, што доведе потрошувачката да се израмни со таа во 1979 година.” предупредуваат од здружението на потрошувачи. Во одделен извештај, локалната трговска асоцијација Confcommercio во вторникот најавија дека потрошувачката на Италијанците во 2012 година ќе се намали повеќе од три проценти, што ќе биде нејзин најголем пад од основањето на Република Италија 1946. година. Само секторите телефонија, компјутери, и дисконтни супермаркети ќе го задржат нивото на одржлив еконоски раст и оваа година, се вели во извештајот на таа организација.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски