Северна Ирска е првата британска територија која го забрани плаќањето за секс, пренесоа американските медиуми. Пионери во оваа законодавна пракса се скандинавските земји.
Огромно мнозинство политичари од двете заедници во Северна Ирска – протестантската и католилката – се обединија и гласаа за поддршка на предлог законот за трговија со луѓе и за сексуални услуги, што е подготвен уште од средината на минатата година.
Велика Британија и многу земји од ЕУ го почитуваат легалниот карактер на проституцијата, а во исто време ги криминализираат повеќето дејности што се поврзани со неа, вклучувајќи ги јавните куќи и нудењето сексуални услуги.
Шведска, Норвешка, Исланд, а сега и Северна Ирска, одлучија дека корисниците на сексуални услуги вршат криминал, но не и проститутките.
Ваков сличен закон се разгледува и во Ирска. Според донесениот закон, плаќањето за секс во Северна Ирска ќе се казнува со затвор до една година.