Исламска држава со својата медиумска пропаганда продолжи да ја шокира светската јавност и да покажува дека е се посилна.
Се почесто објавува снимки и фотографии, со кои покажува дека и децата се активни учесници во борбите.
На најновите записи се гледаат тренинзи на мали деца во Сирија, кои се подготвуваат за крвави судири.
Нив ги обучуваат како да станат вистински војници и како да ракуваат со автоматско оружје, што не е типично за деца од 10 години.
Камповите за обука се наоѓаат во близина на Дамаск, каде што децата вежбаат под црно знаме, симболот на оваа терористичка организација.
Тие носат војнички униформи и маски, кои служат за ефектна камуфлажа во борбите на различни терени.
На еден видео запис се прикажани возрасни борци, како им се потсмеваат на малите додека ги учат разни покрети и боречки зафати.
Инаку во овие „училишта“ постојат и насоки, каде што децата ги обучуваат да станат бомбаши или џихадисти.
Е. Г.