Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција на СДСМ

Од:

СДСМ се повеќе покажува дека стои и иницира наводни студентски протести, наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакција на денешната прес-конференција на Петар Атанасовски од СДСМ.

Според ВМРО-ДПМНЕ, докуметот кој денеска Атанасовски го покажувал и коментирал е работен материјал кој не е конечен и не е изгласан од страна на Владата на Република Македонија.

Во прес конференцијта на Петар Атанасов се спомнува наводната повреда на членот 46, од Уставот на РМ, според кој на универзитетот му се гарантира автономија. Согласно член 46 од Уставот на Република Македонија: „На универзитетот му се гарантира автономија. Понатаму став 2 од истиот член вели Условите за основање, вршење и престанок на дејноста на универзитетот, се уредуваат со закон.“, посочува ВМРО-ДПМНЕ и укажува дека согласно „оваа уставна одредба законодавецот го донел Законот за високото образование со кој се уредуваат автономијата на универзитетот и академската слобода, условите и постапката за основање и престанок на високообразовните установи, системот за обезбедување и оценување на квалитетот на високото образование, основите за организација, управување, развој и финансирање на високообразовната дејност“.

– Универзитетите во Република Македонија имаат автономија која се почитува и реализира. Самостојно избираат наставни програми по кои се учи, начинот на кој што ги оценуваат студентите, самостојно го избираат наставниот кадар, деканите, ректорите. Предлог мерката за воведување на државен испит е мерка чијашто единствената цел е унапредување на квалитетот на високото образование и која, ниту крати право на образование, ниту нарушува универзитетска автономија. Државата ги финансира универзитетите и оттаму нејзина должност е да бара од нив квалитетен аутпут, односно дипломирани студенти со знаење, оценува ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата нагласува дека „треба да се има предвид оти автономијата на универзитетот е во директна корелација со одговорноста кон општеството во целост“. Автономијата на универзитетот секогаш била и ќе биде тесно поврзана со начелото на одговорност на универзитетот за развојот на општеството и на државата, односно за развојот на јавното добро. Суштината на модерната дебата за автономијата на универзитетот и академската слобода се врти околу прашањето за новите форми на одговорност што универзитетот ги има кон општеството, односно државата, како и одговорност кон сопствените корисници (студентите).

– На денешната прес конеференција, СДСМ водени од желба за манипулација со јавноста, вели дека предлогот за тоа колку прашања ќе содржи испитот, ги нарушувале тезите дека Владата е отворена за дебата. Ги прашуваме како? За да може да се отвори јавна дебата, неколку пати потенциравме дека Министерството за образование и наука ќе изготви предлог решение за спроведување на државниот испит (во кое ќе биде уредено и предлог како ќе изгледа испитот, кој ќе го спроведува и сл.) и истиот тој предлог по разгледување од страна на Владата ќе биде доставен за јавна расправа, пред да биде донесен од Владата и доставен до Собранието. За што ќе дебатира јавноста, ако Министерството за образование не изготви предлог концепт?, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

Појаснува дека државниот испит ќе се полага електронски, во посебни испитни центри, но Владата и Министерството за образование и наука нема да бидат инволвирани во целиот овој процес. Тоа, истакнува партијата, ќе биде работа на Одборот за акредитација и евалуација на високото образование кој е составен од универзитетски професори и кој во следниот период ќе претрпи реконструкција, извесни кадровски и структурни промени, за да може да одговори на предизвиците по однос на имплементацијата на оваа реформа. Тоа е единствениот орган кој ќе биде задолжен за оваа работа и во никој случај нема да ја наруши автономијата на високо образовните установи. Дополнително, прашањата за државниот испит ќе бидат изведени од наставните програми кои се реализираат на факултетите. Треба да бид јасно дека оваа реформа се прави токму за да се заштити квалитетот, и знаењето, да нема дипломи кои се без знаење туку напротив дипломи кои ке бидат еквивалент на стекнатото знаење и труд, се вели во реакцијата.

Би можело да ве интересира

Кој навредува, а кој не знае да чита – ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ продолжуваат со обвинувањата

Катерина Ѓуровски

Митева: Филипче, Заев и Ковачевски свесно ја втурнаа Македонија во црно сценарио, да биде оставена сама на Балканот и неинтегрирана

Митева: СДС и ДУИ го донеле буџетот во опасност од Арбитражни побарувања од 1.3 милијарди евра

Со добра координација ќе се надмине овој „ситен проблем“ порача Таравари по превирањата за Законот за бранителите

Митева: Владата на СДС и ДУИ поделила 100 милиони евра без јасни критерими констатира ДЗР, тоа се пари безмалку доволни за изградба на Клиничкиот во Скопје

Петрушевски: Додека владата должела 50 милиони за субвенции на земјоделците, Николовски плаќал хотелски соби од неколку стотина евра

Катерина Ѓуровски