Тренерот на Партизан, Душко Вујошевиќ доби суспензија од три натпревари во АБА лигата поради инцидентот на мечот во саботата против Мега Лекс.
Во дуелот од 11. коло од регионалното кошаркарско натпреварување тренерот на Партизан незадоволен од судиските одлуки почна да приговара и доби втора техничка грешка која значеше и автоматско исклучување на мечот.
Поради суспензијата, Вујошевиќ нема да може да го води Партизан на дуелите со Задар, Будуќност и Шолнок.
На клупата на актуелниот српски шампион ќе биде помошникот тренер Велимир Гашиќ.