На светските валутни пазари еврото е на нова најниска вредност во повеќе од две години, бидејќи европската валута е под притисок заради намалувањето на кредитниот рејтинг на Италија. Тоа се вели во денешната анализа на брокерската куќа Пруденс Кепитал.
Вредноста на еврото денеска котира на 1,2252 долари што е негова најниска вредност од август 2012 година. Од друга страна, американскиот долар продолжува со раст поради спекулациите за зголемување на каматите во САД.
Зголемувањето на вредноста на доларот почна во петокот поради податоците од американскиот пазар на трудот кои беа подобри од очекуваните, а дополнително и поттикна спекулации дека Американската федерална банка можно е да зголеми клучни камати пред очекуваното.
Истовремено економијата на еврозоната не е во добра состојба и е под закана за дефлација, па се олекуваат и нови мерки на ЕЦБ. На валутните пазари веќе се појавија и спекулации дека ЕЦБ намерно дозволува ослабување на еврото за да се забрза европскиот извоз што би придонело за екномски раст во зоната на еврото.