Жерновски: Директорите добиле партиска задача да го спречат Студентскиот марш

Од:

Градоначалникот на општина Центар и лидер на ЛДП, Андреј Жерновски, објави информација, која ја добил од личност која денеска била на партиски состанок на директори на средните и основните училишта од Скопје, кој добиле задача да ги натераат учениците да не одат на маршот.

Еве што напиша Жерновски:

zernovski

Македонската демократија на дело !!!

До мене дојде информација дека денеска, на празник, директорите на средните и основните училишта од Скопје се повикани на партиски состанок во гимназијата Ј.Б.Тито. Еден од професорите, кој, од разбирливи прочини, побара да не му биде откриен идентитетот, револтирано ми посочи дека е срам тоа што се прави за да се спречи најавениот Студентски марш. Директорите добиле задача, по секоја цена, да ги натераат учениците да не одат на маршот, бидејќи тоа ќе влијаело на нивните оценки. Се одело до таму, во среда, по наредба, да се закажуваат испитувања и тестирања, без никакво оправдувања за НЕПОСЛУШНИТЕ.

Би можело да ве интересира

ЖИВО: Судири на улиците на Белград

Предраг Петровиќ

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

ВИДЕО: Инцидент пред српското собрание, пратеничка извади нож на студентите

ВИДЕО: Студентите го кршат предизборниот молк во Косјериќ, хаос и во Заечар

Вучиќ: Државата нема да толерира насилство, ќе одговараат сите што учествуваа во линчот

(ВИДЕО) Нападнат е Милош Павловиќ, претставник на студентите кои сакаат да учат

Горан Наумовски