Честитка од ВМРО – ДПМНЕ по повод празникот „Св. Климент Охридски“

Од:

ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија им го честита големиот христијански празник – Св. Климент Охридски.

– Денес го чествуваме светото дело на големиот просветител Св. Климент Охридски, најголемиот ученик на светите браќа Кирил и Методиј. Неговото вонвременско дело, азбуката Кирилица, денес не е само дел од македонската културна ризница, туку е дел и од многу други словенски народи, дел од европските и светските универзални вредности, стои во честитката од ВМРО – ДПМНЕ.

Неговиот придонес во зачувувањето на културните традиции и идентитет, се подвлекува, е огромен, дотолку повеќе што почнал да се шири токму од тука, од Македонија и Охрид, во целиот свет.

– За нас тоа е огромна чест и гордост, но и обрвска секоја идна генерација да го чува и шири духот на неговата мисија за споделување со светот на нашетите традиции, духовно и културно богатство, стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ за христијанскиот празник Св. Климент Охридски.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче