Бизнисмен бара мафија да го фати Албанецот кој е виновен за дронот во Белград

Од:

Српски бизнисмен во Чикаго и понудил на сицилијанската мафија награда од милион евра, да го фати човекот кој го постави знамето на „Голема Албанија“ на беспилотното летало за време на фудбалскиот натпревар, помеѓу Србија и Албанија во Белград.

Неименуваниот бизнисмен чии што родители биле четници за време на Втората светска војна и потоа побегнале во САД, од италијанската мафија бара да му го доведат осомничениот во Чикаго, пренесе српски „Ало“.

Инаку поради инцидентот со знамето дојде до немири на теренот, по што натпреварот беше прекинат, а УЕФА ги казни и двете репрезентации.

Српската полиција се сомнева дека за инцидентот е виновен албанскиот државјанин, триесет и двегодишниот Исмаил Морина, кој што е забележан од безбедносните камери, но неговото моментало живеалиште не е познато. Тој покрај албанска патна исправа има и италијанска, бидејќи како што се наведува живее во Фиренца.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Потпишан Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор со Србија

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени