Секој ден во Сиера Леоне се регистрираат меѓу 80 и 100 нови случаи на ебола и земјата очајно има потреба од 1.000 нови болнички легла за лекување на болните, пренесоа американските медиуми.
Министерот за финансии на Сиера Леоне, Кајфала Марах, денеска го информира Економско-социјалниот совет на ОН за тешката ситуација во неговата земја заради епидемијата од ебола.
Сиера Леоне не успеа да ги исполни целите на ОН, што и беа поставени на 1 октомври, за изолирање на 70 проценти од заразените со ебола и за погребување под безбедни услови на 70 проценти од починатите од ова заболување.
Другите две тешко зафатени земји со еболата – Либерија и Гвинеја – успеаја да се справат со зададената цел, изјави Дејвид Набаро, координатор на
напорите на ОН во борбата со еболата.
Новите случаи на зараза во Либерија дури се опаднати од 60 дневно, во текот на септември, на 10 дневно во моментов, додаде тој.