„Елгиновите мермери“ позајмени на рускиот музеј Ермитаж

Од:

Статуата на Илисос, античкиот бог на реките, која од 1816 година се чува изложена во Британски музеј во Лондон, му е позајмена на познатиот руски музеј Ермитаж во Санкт Петербург.

Во соопштението на управата на лондонскиот Музеј се вели дека оваа 2500 години стара статуа е испратена во Русија за да биде изложена во една од галериите на Ермитаж по повод одбележувањето на 250-годишнината од создавањето на овој музеј.

Овој вреден експонат на Британски музеј ќе му биде позајмен на рускиот музеј до средината на јануари идната година.

Статуата на Илисос е дел од збирката со реликвии што Британецот, лорд Елгин, во 1811 година ги откупил од тогашните отомански власти во Атина и ги префрлил во Велика Британија. Пет години подоцна лордот му ги продал на Британски музеј, каде се наоѓаат од тогаш.

Станува збор за дел од мермерните и камени орнаменти и скулптури што некогаш биле дел од храмот на Партенон на атинскиот Акропол, кои и во денешно време се повод за расправии меѓу Атина и Лондон околу сопственоста на „Елгиновите мермери„ и околу тоа дали тие и натаму треба да го украсуваат музејот во Лондон или пак да се вратат во „татковината“, како што бара Грција.

Според Британски музеј, кој ја има подршката и на британската Влада,„мермерите“ се дел од музејската збирка на оваа угледна културна институција во светот повеќе од 200 години. Британците инсистираат дека лордот ги откупил „мермерите“ и на тој начин ги спасил од уништување и исчезнување.

Властите во Атина кои имаат покренато „политичка и правна битка“ за нивно враќање и поставување во новоизградениот музеј во грчкиот главен град, тврдат дека античките експонати се „украдени“. Последниве години, особено откако е изграден новиот музеј, Грците сугерираат „Елгиновите мермери“ да му бидат „позајемни на неопределн рок“ на музејот во Атина, а прашањето за сопственоста да биде оставено отворено. Во Лондон,меѓутоа, такавата идеја не се прифаќа, затоа што не се верува дека доколку се прифати оваа грчка идеја, тие кога било ќе се вратат во Британскиот музеј.

Тоа сега се потврдува со решението на лондонскиот Музеј овие антички споменици да ги позајми на еден месец, само на музејот во Русија, иако постапката се објаснува со јубилејот на Ермитаж.

Лорд Елгин, чие име е Томас Брус, бил британски амбасадор во Константинопол (Истанбул) од 1799 година. Кај тогашните отомански власти лордот уживал голем углед и бил познат како вљубеник во уметноста кој потикнат од таа негова посветеност се решил да ги „спасува од уништување“ реликвиите од Партенон, кои уште тогаш повеќето биле тешко оштетени.

Би можело да ве интересира

Турскиот музеј прогласен за најдобар во светот

Врв на стрела од бронзеното време направен од материјал кој не е од оваа планета

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Тенкови и хеликоптери „војуваат“ во Црвеното Море, фронтот на дното е покриен со корали

Со изложба одбележан Денот на музеите во Штип

Ана Ололовска

Бесплатен влез во МСУ – Скопје по повод Светскиот ден на културното наследство

Ана Ололовска

Бесплатен влез во музеите и археолошките локалитети

Ана Ололовска