Во Србија и БиХ уапсени 15 лица поради воени злосторства извршени во Штрпце

Од:

Припадници на српското Министерство за внатрешни работи под налог на Обвинителството за воени злосторства уапсија пет лица во Србија поради сомневање дека извршиле воени злосторства во Штрпце.

Босанските медуми јавуваат дека на подрачјето на Босна и Херцеговина денека се уапсени десет лица поради сомневање дека биле дел од групата, што го извршила злосторствата во Штрпце.

Западни медиуми, пак, јавуваат дека во операцијата на полициите во двете држави се уапсени 15 осомничени, меѓу кои и поранешен генерал од армијата на Република Српска, но не се наведува ниту едно име на уапсените.

„Киднапирањето во Штрпце“ е име за злосторство извршено од 27 февруари 1993, кога припадници на српските паравоени единици, под команда на Милан Лукиќ киднапирале група од 19 патници од воз, кој сообраќал на релација Белград-Бар. Сите киндапирани биле убиени. Осумнаесет од ликвидираните биле од бошњачка националност.

Хашкиот трибунал го осуди Лукиќ на доживотна казна затвор за злосторства врз муслимани од Вишеград во периодот 1992-1993 година, но не и за злосторството во Штрпце.

Би можело да ве интересира

Потпишан Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор со Србија

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница