Се нумерираат улиците и куќите во Куманово

Од:

Започна нумерирањето на улиците и куќите во урбаната единица „Гладно Поле“ во кумановската населба „Перо Чичо“. Од секторот за урбанизам информираат дека надлежното одделение за комунални дејности на терен почна со прибирање податоци.

– Од одделениието за комунални  дејности пристапија кон  ажурирање на  податоци кои потоа  ќе бидат проследени до надлежните институции, вели раководителката на секторот за урбанизам, Лидија Ланг Спасовска.

Оваа активност, најавија од општината, ќе продолжи да се спроведува и во останатите делови од градот  каде што досега не се именувани улиците.

Како што претходно информираше Ланг Спасовска, во Куманово има околу 200 неименувани улици,особено во новоизградените населби,сместени кон периферијата на Куманово.Проблемот, посочи, ќе се решава паралелно со завршување на процесот на легализација.

– Во наредниот период,интензивно ќе се работи на решавање на овој проблем,ќе бидат формирани повеќе екипи кои ќе поминат низ подрачјето на целата општина. Следува процес на ажурирање на подлоги, предлози за именувањепо што ќе се  достават до  релевантните институции за понатамошно разгледување и  согласнот, објасни Ланг Спасовска.

Би можело да ве интересира

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе

Трите деца пронајдени на улица се прегледани во болница, случајот го следи Центарот за социјални работи – Куманово

Горан Наумовски

Три деца пронајдени без свест во Куманово, сомнежот е на труење од вдишување лепак

Горан Наумовски

Бебе од Куманово затруено со средство за чистење – заврши во болница

А1он