Американскиот генетичар Џејмс Вотсон синоќа на аукција го продаде медалот што го доби со Нобеловата награда во 1962 година, за цена од 4,75 милиони долари.
Осумдесет и шестгодишниот биохемичар и генетичар Вотсон доби Нобелова награда за утврдувањето на структурата на дезоксирибонуклеинската киселина (ДНК) во 1953 година, што се смета за едно од најважните откритија во исотријата.
Продадениот медел со пречник од 6,6 сантиметри, е изработен од 23-каратно злато и на него е изгравиран профилот на Алфред Нобел.
Вотсон на истата аукција, за 365.000 долари ги продаде и белешките за говорот што го одржа при приемот на Нобеловата награда.
Во 2007 година Вотсон се најде на удар на критиките на јавноста, кога во интервју за „Сандеј Тајмс“ изјави дека претпоставува оти црнците се помалку интелегентни од белците, поради што беше принуден да поднесе оставка на местото шеф на њујоршката лабораторија „Колд Спринг Харбор“.
Вчера во изјава за „Њујорк Тајмс“, Вотсон уште еднаш се извини за изјавата од пред седум години.
Вотсон минатата недела соопшти дека се решил да го продаде Нобеловиот медал, затоа што останал без пари.
Ова е прв случај на продажба на Нобелов медал, додека неговиот добитник е се уште жив.