НАСА-програмата што испраќа човечки екипаж на Марс денеска влезе во нова фаза!
Пробното лансирање на пропулзиониот систем (ракетен систем „Делта 4“) кој го носи вселенскиот брод „Орион“ е во тек! Системот треба да биде лансиран од лансирачката рампа во Флорида.
Бродот „Орион“ го дизајнираше компанијата „Локид Мартин“, а ќе мине 4-5 часа во орбитата, кружејќи 5.800 километри над земјата. Бродот лета без екипаж.
Broadcast live streaming video on Ustream
По тестирањата во земјината орбита, „Орион“ ќе „падне“ на Земјата со брзина од 32.190 км/час. Тогаш ќе биде тестиран бродскиот топлински штит и 11 падобрани.
Вака изгледа програмата што НАСА ја осмисли за вселенскиот брод „Орион“.