Запрено напредувањето на Исламска држава во Ирак и Сирија

Од:

Воздушната кампања на меѓународната коалиција против Исламска држава, предводена од САД, почнува да дава резултати. Запрено е напредувањето на џихадистичката група во Ирак и Сирија, соопшти денеска во Брисел мултинационалната коалиција, во која веќе се наоѓаат околу 60 држави, цитирана од француските медиуми.

– Напредувањето на Исламска држава во Ирак и Сирија е запрено. Ирачките војници и силите на регионалната Влада во Курдистан, со поддршка на воздушните напади на коалицијата, почнуваат да ја враќаат контролата врз региони во Ирак, се наведува во коминикето на коалицијата, цитирано од француските медиуми.

Би можело да ве интересира

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка