ФОТО: „Кристалната кугла“ на Мила Кадриу прикажана во новогодишен амбиент

Од:

Во снежен новогодишен амбиент Мила Кадриу ја претстави најновата колекција наречена „Crystal ball“ (Кристална кугла), вчеравечер во „City hall“ центарот во Скопје.

MK3

Дефилето на моделите од модната агенција „Подиум“ го заврши пејачката Тамара Тодевска која се појави во нетипичен невестински фустан, воедно единствен невестински во новата колекција на Кадриу.

MK5

За разлика од досегашните раскошни тоалети и венчаници кои станаа заштитен знак на Кадриу, колекцијата составена од 22 модни креации со потписот на „MCouture by Mila Kadriu“ овој пат ја карактеризираат коктел фустани, палта, комбинезони и панталони за актуелната сезона.

MK2

Во рамките на неодамнешниот десетти Моден викенд Скопје, на изложбата на отворено наречена „Арт ограда“ беше поставено пано со една од креациите од „Crystal ball“ за есен/зима 2014/2015 година, како најава за презентација на целата колекција.

MK4 MK1 MK_defile MK_tamara

Би можело да ве интересира

Драматично издание на Мадона на ревијата во Милано: Пристигна со круна на главата

Предраг Петровиќ

Стоп на новата мода, некој треба да се уапси, доаѓаат најгрдите чизми

Предраг Петровиќ

Јапонија низ креации на македонски дизајнери – Алшар, Ивановски, Маригуча и Технолошкиот факултет со свои креации на Нихон-Џи 2.0

Ана Ололовска

Познатата манекенка се сликаше гола за Велигден: поради скандалозната фотографија ги исклучи коментарите, не можеше да ги поднесе навредите

Ана Ололовска

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Горан Наумовски