Учениците од тетовската гимназија го прекинуваат бојкотот

Од:

Учениците од тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ што наставата ја следат на македонски јазик по дводневен бојкот од четврток повторно ќе одат на училиште.

Ова е резултат од попладневниот состанок на градоначалничката Теута Арифи со управата на гиманзијата и советот на родители.

Според постигнатиот договор, наставата нема да се одвива во досегашната барака, туку ќе биде изнајдено времено решение што ќе биде договорено во текот на утрешниот ден. На состанокот не било прецизирано ниту долгорочното решение за изнаоѓање друг простор или изградба на нова зграда што треба дополнително да се определи.

– За нас е најважно образовниот процес да продолжи. Беа разгледани неколку предлози и за долгорочно решение на проблемот со просторот на гимназијата, но за тоа ќе треба и други фактори да се изјаснат. Во однос на привременото решение беше рагледано и тоа додека траеше реконструкцијата на бараката и други предлози, но мислам дека ќе биде изнајдено такво решение што ќе ги задоволи барањата на учениците и родителите, изјави Арифи.

Ниту Соња Близновска од советот на родители на тетовските гимназијалци не можеше да го прецизира просторот каде од четврток ќе продолжи наставата за нивните деца.

Би можело да ве интересира

Пожар во средно училиште во Тетово, шестмина вработени завршија во болница

Левица: Скандалот во Центарот за социјални работи Тетово добива нови димензии

Најстудено во Берово и на Попова Шапка, најтопло во Тетово

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар