(ВИДЕО) Кекеновски: Професорите неоптоварени со партиски стеги, се на страната на студентите

Од:

Универзитетскиот професор Јове Кекеновски не се согласува со екстерно тестирање, ниту со државен испит. Според него, решенијата се избрзани и нема да ја остварат целта-подигнување на квалитетот на високото образование.

-Кога веќе се работи за екстерна проверка на знаењето, тогаш се навлегува и во автономијата на универзитетот и на професорите. Страшно е што ние во делот на образованието постајано имаме импровизации, недоследна политика. Ние ја потпишавме Болоњската декларација уште во 2003 година, ама таа во пракса не се имплементира како што требаше. Немаше доволно упатства од ресорното министерството, а како и да има кога гледаме кој се не е на чело на министерството, луѓе кои доаѓаат таму да учат. Не може некој да е во Министерството за образование и кој допрва ќе учи, туку некој шти ги знае работите и ќе даде насоки како да се одвиваат работите, вели Кекеновски.

Според професорот, повеќето негови колеги го делат истото мислење и не поддржуваат импровизации во образованието.

-Сите оние професори кои не се оптеретени со партиските стеги сигурно размислуваат во оваа насока. Мал дел од професорите ја подрржуваат политиката и она што го протежира сега владата. Ние сите видовме дека владата е несигурна во она што сака да го предложи-министерот кажа владата ќе одлучи дали е екстерно тестирање или државен испит, а потоа владата кажа дека е државен испит,вели Кекеновски.

Според него, предложениот Одбор за акредитација нема капацитет да спроведе такава акција,односно да врши проверка и оценување на студентите.

-Кој е толку умен што знае повеќе од професорите кои предаваат во одредена област да ги оценува или преоценува студентите? Тоа е дискутабилно прашање за мене, а ако се предлага тоа да го врши некој од надвор, тоа е повторно навлегување во автономијата на самиот универзитет, вели Кекеновски.

Не може секое село да има факултет

Професорот Кекеновски предлага стратегија во неколку чекори со која би се решиле проблемите во високото образовани.

-Таа нова политика и стратегија која јас ја предлагам треба да има основна цел да го подигне квалитетот на образованието преку преземање одредени мерки преку креирање и перманентно унапредување на системот на образовниот процес што ние го немаме сите овие години. Потоа, потребно е изедначување на квалитетот на високото образование на ниво на високообразовните институции и ниво на студиски програми. Еден студент кој ќе биде образован треба да ги задоволи потребите на стопанството. Потребно е да се зголеми и мобилноста на академскиот кадар, за тоа е потребна национална програма. Ние се залагаме за мобилност, но таа е многу мала и е далеку од таа што е на ниво на 20 проценти од Европската унија.

Сега е пракса сите да мора да се запишат на факултет, но потребно е во иднина да се унифицира уписот на високообразовните институции. Потребни се интегрирани, а не централизирани универзитети. Ние декларативно имаме интегрирани, а тие се далеку од интеграцијата. Децентарализацијата значи дека не може факултет да има во секое село, иако тоа ја задоволува социјалната компонента на Болоњската декларација, но треба да се обезбедат услови на студентот и на професорот. Ние сме далеку од сето тоа, и затоа треба децентрализација во реални и разумни рамки, вели Кекеновски.

Би можело да ве интересира

Ангелова: Сите наставници од основно до високо образование ќе имаат повисоки плати

Јаневска: За четири месеци ги зголемивме платите на наставниците и инвестираме во инфраструктура

Худолин: Ако има премногу деца во училниците, тогаш се отежнува учењето

(ВИДЕО) Митева: Платите во образованието до 2028 година ќе пораснат минимум 46 отсто

Горан Наумовски

Филипче: Само 5% покачување плати за наставниците е обид да се намали гневот

Од Македонија годишно заминуваат околу 2500 високообразувани кадри

Катерина Ѓуровски