ОН: Да се почитуваат одлуките на Меѓународниот суд на правдата во Хаг

Од:

Сите држави имаат обрска да ги почитуваат одлуките на Меѓународниот суд на правдата во оние случаи во кои тие се страни, а оние држави кои тоа се уште не го направиле да ја прифатат јурисдикцијата на Судот согласно неговиот Статут, стои во Предлог-резолуцијата од состанокот на високо ниво за владеење на правото на национално и меѓународно ниво, што се одржува во Њујорк во рамки на 67. Генерално собрание на ОН.

Во документот кој се очекува да биде усвоен на заседанието на Генералното собрание, земјите – членки на ОН го потенцираат исклучително позитивниот придонес на Меѓунардниот суд на правдата, правен орган на ОН, во решавањето на споровите меѓу државите, како и вредноста на неговата работа за промоција на владеење на правото.

– Ги повикуваме исто така и релевантните органи на ОН да побараат советодавни мислења од Меѓународниот суд на правдата, стои во Предлог-резолуцијата.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун нагласувајќи оти владеењето на правото е клучно за фундаменталниот развој и за постигнување на милениунските развојни цели повика да се почитуваат без селеција резолуциите, одлуките и законите, како на национално, така и на меѓунaродно ниво.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство