Даде отказ откако ги критикуваше ќерките на Обама

Од:

Елизабет Лаутен, вработена во американскиот Конгрес, даде отказ на работното место, откако претходните денови на „Фејсбук“ ги искритикува ќерките на американскиот претседател Барак Обама дека немаат стил.

Како што пренесе „ВВС“, Лаутен која работела како директор за комуникации за републиканскиот конгресмен Стивен Фичер, ги критикувала Малија (16) и Саша (13), бидејќи на церемонијата по повод Денот на благодарноста се појавиле во кратки здолништа и се однесувале како да им е здодевно.

obamaKerki1

-Саша и Малија, сфаќам дека и двете сте во тенејџерските години, но вие сте дел од првото семејство и обидете се да покажете малку стил. Почитувајте ја барем улогата која што ја имате -гласи пораката, која што Лаутен ја избришала и се извини поради „навредливите“ зборови.

Според нејзините наводи ниту родителите на Малија и Саша не ја почитуваат својата функција, па дури и нацијата, така што на девојчињата очигледно им недостасува добар модел на однесување.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Олуите и торнадата во САД однесоа 23 жртви, 300 илјади луѓе без струја

Пет лица загинаа во торнадо во Ајова, десетици се повредени

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти